НУРЕДИНИ: Разгледани можностите за проширување на поддршката на Швајцарија во заштита на животната средина

Министерот за животна срединаи просторно планирање Насер Нуредини оствари координативен состанок со проектната координаторка на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи (SECO), Франсоаз Саламe и регионалниот советник за животна средина и инфраструктура Клиф Хамер, на која разговараа за статусот на тековните проекти што се реализираат со швајцарска поддршка, како и за можностите за проширување на соработката во новата програмска рамка за соработка меѓу Северна Македонија и Швајцарија.

Sostanok so SECO

 

Се разговараше за можностите за проширување на соработката во делот на управувањето со водите, управувањето со отпад, но и можностите за соработка во делот климатски промени, праведна транзиција поврзана со процесот на декарбонизација и сл. Од страна на швајцарските претставници беше потврдена подготвеноста на Швајцарската Влада, како една од најголемите поддржувачи на нашата држава во заштита на животната средина, природата и во реализација на одржливи инфраструктурни проекти истата и понатаму да продолжи.