НУРЕДИНИ: Отвараме нови можности за соработка Француската агенција за развој

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, придружуван од заменик министерката Христина Оџаклиевска оствари работен состанок со претставниците на Француска агенција за развој. На оваа првична средба се разгледаа можностите за воспоставување на соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата што веќе две години е присутна во овие простори и ја поддржува државата во различни области.

Sredba so francuska agencija za razvoj

Меѓу другото, се разговараше за можностите за соработка во обезбедување на рамномерен урбан развој, заштита на биодиверзитетот и заштитените подрачја, а се разгледуваа и можностите за поддршка на процесите за управување со отпадот.

Како проекти од заеднички интерес беа споменати и проектите за намалување на ризици од поплави и проектите што вклучуваат решенија засновани на природата.