Нуредини од COP15 во Монтреал: Со поголемо финансирање на глобалната рамка и едукација на населението до спроведување на агендата за заштита на биодиверзитетот до 2050

“Она што треба да се направи е едноставно – потребно е финансирање на глобалната рамка за биодиверзитет по 2020 година и на тој начин да преминеме од разговори кон спроведување на идејата за агендата по 2020 година. Националната стратегија и акционен план за биолошка разновидност на Република Северна Македонија содржи шест меѓусебно поддржувачки и меѓузависни цели кои одговараат на Аичи целите на Меѓунарoдната унија за заштита на природата. Со тоа нашата општа визија е зацртана и јасна – до 2050 година да се запре загубата на биолошката разновидност, биодиверзитетот да биде вреднуван, зачуван, обновен и мудро искористен, одржувајќи ги екосистемските услуги што обезбедуваат  здрава планета, придобивки за човековата благосостојба и ја искоренуваат сиромаштијата, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во своето излагање  на пропратниот настан, што на тема: „Одбележување на Меѓународната година на планините – обезбедување заштита на планинската биолошка разновидност во рамките на имплементацијата на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година“се одржа синоќа во рамки на  15-та Конференција на Страните кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD COP 15) во Монтреал, Канада. 

Нуредини од COP15 во Монтреал Со поголемо финансирање на глобалната рамка и едука

 Дискутирајќи за стратегиите, инструментите и пристапите кои се користат на национално и регионално ниво за заштита на биолошката разновидност во планинските екосистеми и за начините на нивна имплементација, министерот Нуредини го истакна напредокот на Северна Македонија во делот на заштита на биолошката разновидност, видното зголемување на процентот на заштитени подрачја  на територија на државата особено во изминативе две години, како и унапредување на стратешката и правна рамка која е усогласена со Аичи Глобалната цел 11 од Конвенцијата за биолошка разновидност, вмрежувањето во прекугранични мрежи за одржливо управување  на заштитените подрачја како и изнаоѓање и развивање на соодветни модели за финансирање со што во континуитет и активно се справуваме со заканите по биодиверзитетот и животната средина. 

IMG_20221215_131337

 “Да се подигне свеста и да се едуцира за неопходноста и важноста од зачувување на биодиверзитетот за долгорочна одржливост на природните ресурси на Северна Македонија. Да се зајакне екотуризмот, производството и продажбата на производи и домашни земјоделски производи, како и други активности коишто можат да помогнат во зачувувањето на биолошката разновидност. Дополнително, работиме на зајакнување на капацитетите на релевантните институции за мониторинг и заштита на биодиверзитетот, зајакнување на капацитетите на инспекторатите за спроведување на законите, како и поголеми медиумски напори преку кои би се промовирало зачувувањето на биодиверзитетот во нашата земја, дополни Нуредини.

Во однос на градење на модели за одржливо финансирање на заштитата на природата, министерот Нуредини нагласи дека покрај Програмата за заштита на природата и Годишната програма за инвестиции во животната средина за чија имплементација се обезбедени буџетски средства, активностите во оваа област во најголема мера се финансираат од странски фондови што подразбираат билатерални или мултилатерални донатори; финансирање преку ЕУ фондовите и меѓународни еколошки фондови како што се Глобалниот еколошки фонд, Партнерските фондови за критични екосистеми или фондот за природата Преспа-Охрид. 

IMG_20221215_131425

 “Проектот на УНЕП инициран во 2016 година со поддршка на Глобалниот еколошки фонд придонесе за воспоставување на Националниот парк Шар Планина, зголемување на мрежата на заштитени подрачја. Во моментов е во тек постапка за прогласување на уште две заштитени подрачја на територијата на нашата земја: заштитено подрачје Кањон Матка и заштитено подрачје Студенчишко Блато. Изработена е Студија за валоризација на споменикот на природата Охридско Езеро, а во тек се активности и за изработка на Студија за валоризација на Белчишко Блато, појаснува министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Министерот Нуредни ќе има обраќање на пленарната седница на виско ниво што ќе се одржи денес (15.12.2022г.) во 15 часот по EST — Eastern Standard Time .