НУРЕДИНИ: Мораме да ги искористиме можностите за развивање на еко-туризмот

На денешната средба на министерот Нуредини со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски и со претседателот на Федерацијата на планинарски спортови Зоран Читкушев се разговараше за можностите за развивање на планински и еко туризам во државата а особено во заштитените подрачја чија површина во голема мера се зголеми во изминатиот период.

Sredba Nuredini_Direktor_Agencija za turizam

Заштитените подрачја, националните паркови, парковите на природата треба да бидат под одреден степен на заштита, но во исто време начините на живеење и економскиот развој мора да се прилагодат и да се трасираат во правец на обезбедување одржлив развој и просперитет. Присутните се сложија дека заштитените подрачја нудат различни можности за развој на туризмот и во тој правец треба да прилагодиме правната регулатива како и развојните планови.