НУРЕДИНИ: И Полска е подготвена да не’ поддржи во праведната транзиција кон почисти извори на енергија

НУРЕДИНИ И Полска е подготвена да не поддржи во праведната транзиција кон почистиМинистерот Нуредини денес се сретна и со амбасадорот на Полска Војциех Тицињски кој во пресрет на климатските преговори во Глазгов, ја понуди поддршката на Полска во во областа на праведна транзиција кон почисти извори на енергија.

Имено,  Полска од август годинава, во рамките на новоусвоената програма на националниот фонд за животна средина и управување со водите наречена Полска климатска поддршка ги вклучува и државите од Западен Балкан.

Министерот Нуредини и амбасадорот Тицињски разговараа за вклучување на Република Северна Македонија како партнер, посебно во областа на праведна транзиција кон почисти извори на енергија. 

Како продолжение на соработката, планирано е министерот Нуредини, во Глазгов да се сретне со високи претставници на Полска кои работат на конкретната Програма и Националниот фонд.