НУРЕДИНИ: Го зајакнуваме партнерство со УНОПС во справувањето со историските жешки точки во државата

Во рамките на учеството на климатскиот самит COP 27 во Египет, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги УНОПС Јенс Вандел.UNOPS_Nuredini

На состанокот се дискутираше за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.

Министерот се заблагодари за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката докуентација и изработка на изведбени проекти.UNOPS

Взаемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на министертството и државта преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус.