НУРЕДИНИ: Во животната средина приоретени реформски мерки се водоснабдувањето и третманот на отпадните води и воспоставувањето на интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад

Sostanok_NurediniМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на состанокот на високо ниво во рамки на оценската мисија на Европската Комисија за Програмата за економски реформи 2022–2024 година. На состанокот се дискутираше за спроведувањето на насоките за политики усвоени на 12 јули 2021 година, како и за доставените предлози за подготовка на нови клучни политики за Северна Македонија што треба да се усвојат на следниот Економско – финансискиот дијалог (во мај 2022 г.).

Министерот Нуредини  ги образложи двете реформски мерки што  МЖСПП ги таргетираше и ги предложи, а тоа се развивање на системот за водоснабдување и собирање, одведување и третман на отпадните води за чие спроведување се обезбедени  финансиски средства преку ИПА II (2014-2020) и заеми од ЕИБ и ЕБОР и воспоставување на интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад.

Состанокот беше во организација на Министерството за финансии, а го предводеше директорката на Директоратот за Западен Балкан во ДГ НЕАР, Михаела Матуела.