НУРЕДИНИ:За заштита на Преспанското Езеро потребни се поинтензивни и координирани активности во управувањето со отпадните води

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со градоначалникот на општина Ресен Јован Тозиевски.

Sredba_Nuredini_Gradonacalnik_Resen

 

На средбата се разговараше за дополнителна координација на МЖСПП и општината во приоретизацијата на активностите во Преспанскиот регион планирани во рамки на проектот ЕУ4Преспа и со средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој. Овие активности се насочени кон управување со отпадните води и управување со отпадот. На средбата заеднички беше ставот дека мора да се преземат поинтензивни активности во делот управувањето со отпадните води и спречување на нивно излевање во Преспанското Езеро, како една од мерките за заштита на водите на Езерото.