Неделен извештај за квалитет на амбиентен воздух за период 04.01 – 10.01.2021 година

NedelenZaFB11.01Во приложениот извештај, дадена е анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.

Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ѓорче Петров, Битола 1, Битола 2, Гевгелија, Кавадарци, Кичево, Куманово, Тетово и Велес 2.

Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата.

Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 163 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата.

Подетални информации можете да најдете на следниот линк: https://air.moepp.gov.mk/