Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2023 година

Ве информираме дека Министерство за животна средина и просторно планирање го објави КОНКУРСОТ ЗА РАСПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ, ПРОЕКТИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2023 ГОДИНАкој  произлегува од Програмата за инвестирање во животна средина за 2023 година  (Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27 од 08.02.2023 година).

Конкурсот е отворен за аплицирање од 6 до 27 март 2023г.

Во рамките на Конкурсот, се прикачени барањата за распределување на средства заинтересираните субјекти, кои  треба да ги достават на еден од обрасците кои се дадени во Прилог 1 и 2 , соодветно според поднесителот и намената на средствата.

ПРИЛОГ 1Барање за добивање на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година за правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции и ИЗЈАВА за непостоење на судир на интереси

ПРИЛОГ 2Барање за добивање на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година за општини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје