Компостирање во училиште за здрава животна средина 

Учениците од ОУ Киро Глигоров како дел од тимот предводени од директорката на училиштето Билјана Билбиловска и предметниот наставник, ги презентираа резултатит од проектот „Компостирање во училиште за здрава животна средина“ за кој добија финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Имено по одобрената аликација, училиштето доби садови за селектирање и  за компостирање.  Во еден циклус вредните ученици успеаја од сопствениот органски отпад да добијат финален производ- компост што го искористија за садниците во дворот на училиштето.

- Ова е одличен пример како и кај најмалите треба правилно да се развиваат навиките и односот кон отпадот –  истакна министерот Нуредини,  посочувајќи дека овој пример треба да сподели и мултиплицира и во другите училишта.