Каја Шукова ќе го води ресорот животна средина

На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, доцна синоќа, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ja избра Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.rekonstrukcija na Vladata na RSM
Новата министерка Шукова е две ипол децении во ресорот животна средина, беше раководител на Секторот за одржлив развој и инвестиции, а од октомври 2020 година ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Шукова е родена на 01.01.1970 година и по образование е дипломиран инженер -Технолог прехрамбена технологија, Технолошко металуршки факултет при УКИМ, Скопје.
Со нејзиното именување, ресорот животна средина за прв пат го раководи жена.