Катовице: Разменети искуства за просторното планирање и климатските промени

Во рамки на престојот во Катовице и учеството на 11-тиот Светски форум за урбанизам, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари повеќе билатерални средби меѓу кои со:

  • Гжегож Пуда (Grzegorz Puda), министер за развојни фондови и регионални политики во Полска
  • Малгоржата Јарошинска – Јединак (Malgorzata Jarosinska – Jedinak), државен секретар во Министерство за развојни фондови и регионални политики
  • Марцин Крупа (Marcin Krupa), градоначалник на Катовице и со
  • Шерон Дијксма (Sharon Dijksma), градоначалник на Утрехт, Холандија, поранешна министерка за животна средина и претседател на Советот за животна средина на Европската Унија и потписник на Договорот од Париз во име на ЕУ во Њујорк во 2016 година.

Разговорите се водеа во правец на важноста на просторното планирање со акцент на интегрирањето на климатските промени во сите негови аспекти.