Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Изградба и реконструкција на колекторски и канилизациони системи и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Тетово“ во општина Тетово

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад “Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот: “Изградба и реконструкција на колекторски и канилизациони системи и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Тетово“ во општина Тетово и истата е достапна за увид .

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба и реконструкција на колекторски и канилизациони системи и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Тетово“ во општина Тетовоќе се одржи на

-          08 февруари 2023 година (среда), во салата на советот во општина Тетово со почеток во 11.30 часот

                Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и во општина Тетово

Контакт лица:

Министерство за животна средина и просторнио планирање

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

Сектор за Европска унија, лице за контакт Весна Индова Точко – ИПА координатор

тел: 076 446 916; е-маил: v.indova@moepp.gov.mk

Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина

тел: 076 455 427; е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk

Влатко Цветаноски – Советник во одделение за ОВЖС

тел: 076 455 426; е-маил: v.cvetanoski@moepp.gov.mk

Исмет Садику – Советник во одделение за ОВЖС

тел: 075 316 726; е-маил: i.sadiku@moepp.gov.mk