Интензивно се работи на усовршување на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија

(29.06.2016) Како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и во Молдавија„ во текот на последниве два дена во Скопје интензивно се работеше на унапредување на целиот процес за воспоставување на функционален Регистар на испуштање и пренос на загадувачи во Република Македонија.

Во рамките на активностите организирани се две работилници – едната со граѓанските здруженија во Македонија, а другата со претставници на индустријата.

Првата работилница имаше за цел да ја зајакне соработката и капацитетите на граѓанските организации во врска со примената на Протоколот за РИПЗ на Економска Комисија на ОН и обврските за известување во Република Македонија, имајќи ги предвид РИПЗ системот за известување на ЕУ; да го промовира разбирањето на обврски според Протоколот и националното законодавство, како и улогата на различните засегнати страни, фокусирајќи се на улогата на невладиниот сектор во развојот и имплементацијата на РИПЗ; да ги идентификува тековните проблеми при практичната имплементација на Протоколот и Постапката за известување за граѓанските здруженија и да се предложат чекори за нивно подобро вклучување и соработка во развојот и имплементацијата на РИПЗ во иднина. Имено, улогата на граѓанските организации е важна од аспект што преку нивно соодветно и навремено вклучување во процесите се подобрува транспарентноста на владините институции и индустријата, а на јавноста и се обезбедуваат информација за состојбата на животната средина, како уставно загарантирано право потврдено и преку Архуската Конвеција.

Од друга страна денешата работилници наменета за индустријата се фокусираше на јакнење на капацитетите на индустријата преку информирање и преглед на напорите што се прават во текот на последните три години во однос на развојот и работењето на загадувачи и пренос и имплементација на Протоколот за РИПЗ и Регулативата на ЕУ во однос на системот за РИПЗ; презентирање на Стратегијата и Акциониот План за имплементација на Протоколот за РИПЗ, како и идентификација на тековните проблеми и потреби во врска со постапката за известување. При тоа беа разгледани и можностите за подобрувања на софтверската алатка за известување и веб-страница за известување, а се дискутираше и за препораките и за следните чекори во врска со работењето на РИПЗ со сите засегнати страни.

Индустријата има особено важна улога во процесот на воспоставување и одржување на функционален регистар бидејќи преку доставување на бараните извештаи придонесува за успешно спроведување на барањата на Протоколот. Воедно, со внесувањето на барните податоци во софтверот, индустријата се презентира пред јавноста како еколошки свесна и ја отстранува мистеријата околу своите емисии.

Проектот е финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското Сојузно Министерство за животна средина во земјите од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и во други земји кои се соседи на Европската унија. Истата е надгледувана од страна на Германската агенција за животна средина.