Известување за јавноста 22.12.2022 год.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема.

Во моментот новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што навремено ја известивме јавноста преку нашата веб страница и социјалните мрежи на МЖСПП.

Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата.

Се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни. Исто така напоменуваме дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат, а доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Исто така сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи.