Известување за Јавна расправа за Предлог Закон за климатска акција

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека организира јавна расправа во врска со нацрт текстот на Предлогот на Законот за климатска акција.

Истата ќе се одржи на 23 март 2023год. (четврток), во кино салата на Клубот на органите на државна управа, во период од 10:00 – 12:30 часот.

Заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 21 март 2023 год. (вторник) на електронските адреси: s.gjorgjieva@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com или на телефон за контакт: 070 243 123.