Започнуваат проекти за реконструкцијата на постојната водоводна мрежа во општина Чаир

Poseta_na_cairСо посета на општина Чаир, како и со теренска обиколка на локацијата, министерот за животна средина и просторно плнирање Насер Нуредини и градоначaлникот на општина Чаир Висар Ганиу го одбележаа почетокот на проектот за реконструкција на постојната водоводна мрежа за дел од општината и ги најавија планираните активности во наредниот период.

По тој повод министерот Нуредини изјави: „Обезбедување на чиста и безбедна вода за пиење за секое домаќинство ја сметам за императив на современото живеење. Денес, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, го означивме почетокот на уште еден важен проект од оваа област. Започнува реконструкцијата на постојната водоводна мрежа за улиците Ковачка, Руфет Бурџевиќ, Места, Солунска, улица 138 и дел од улицата Саум Чешма 1 и 2 во општина Чаир, за што Министерството за животна средина и просторно планирање во Буџетот за 2020година обезбеди финансии во висина од 20 милиони денари.

Со цел да се обезбеди чиста и безбедна вода за пиење зажителите на оваа скопска населба и во 2021 година од Буџетот на МЖСПП се планирани дополнителни финансирања во висина од 5 милиони денари наменети за реконструкција на водоводната мрежа и атмосферската и фекална канализација за делот „Струмички Крак 4, 5 и 6“ во општината.

Нашиот ангажман во оваа општина не завршува тука и во наредниот период ќе продолжиме со реализација на проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води. Веќе е изработена индикативна листа на можни проекти за кои се започнати преговори со Европската Инвестициска Банка за обезбедување на кредит во висина од 50 милинои евра“.