Заменик министерката Оџаклиеска на работна средба на Платформата за еколошка правда

Zamenk_na sredba vo_MANUЗаменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска, во просториите на МАНУ, учествуваше на работната средба на Платформата за еколошка правда, на која беше презентиран Патоказот за спроведување на политиките за животната средина.

- Спроведувањето на политиките за заштита на животната средина бара интердисциплинарен пристап и поддршка од сите институции кои имаат надлежности во различните сфери на делување кои имаат негативни импликации врз средината во која живееме и работиме. Развојот кој сите го посакуваме мора да се базира на принципите на одржлив развој, во кој заштитата на животната средина ќе има подеднакво значење како и социјалниот и економскиот аспект – истакна заменик министерката Оџаклиеска.

Според неа, вклучувањето на стручната јавност во носењето на законските решенија е додадена вредност при креирање на издржани и општо прифатени законски решенија со чија имплементација ќе се создадат подобри и поквалитетни услови за живот.

На настанот, што го водеше проф.д-р Владо Камбовски, се дискутираше и за Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за урбанистичко планирање.