Закон за просторно планирање е во завршна фаза на изработка

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи, одржа работен состанок со работната група за изработка на новиот Закон за просторно планирање.

Закон за просторно планирање е во завршна фаза на изработка Законот, чија работна верзија е во завршна фаза, е првиот самостоен Закон за просторно планирање во државата кој ќе ги дефинира целите, начелата и правилата за просторно планирање, учесниците кои работат во оваа област и кој треба да обезбеди одржлив просторен развој преку соодветно уредување на намената, користењето, организацијата и уредувањето на просторот на државно, регионално и локално ниво.

По финализирањето на нацрт-текстот, што се очекува да биде наскоро, следи спроведување на консултации со стручната фела, засегнатите страни и пошироката јавност, пред истиот да влезе во правно административна процедура за негово донесување.