Економски Форум: Отворени сме за соработка и размена на искуства за најдобро применливи технологии

На Економскиот форум посветен на зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се обрати пред преставниците на реномираните компаниите од двете држави. Во своето обраќање се осврна на предизвиците во секторот за животна средина и како државата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се справи со нив. Развојот кон имплементација на Зелената агенда, кон воспостaвувањe циркуларна економија, одржливо управување во заштитените подрачја и енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија се области во кои се отвараат нови можности за економска соработка и размена на искуства во примена на најдобродостапни технологии.Ekonomski forum

Со присуството и обраќањето на двајцата претседатели Стево Пендаровски и Александер Ван дер Белен, Форумот беше одбележан како настан од највисоко ниво во рамки на развивање на економската соработка меѓу бизнис секторот во двете држави.