Државните и општинските инспектори ќе се координираат за подобар инспекциски надзор

Денеска, во просториите на ЗЕЛС, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска имаше информативна средба со извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, и со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. Тема на состанокот беше обука и координирање на државните и општинските инспектори за постапување според новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина, кој беше изгласан во Собранието минатиот месец. 

Државните и општинските инспектори ќе се координираат за подобар инспекциски надзо

Исто така, беа договорени идните активности и поблиска координација помеѓу општинските и државните инспекторати во целата држава, со цел доследно спроведување на Законот и подобар инспекциски надзор во животната средина, во интерес на сите граѓани.