Денот без автомобили 22 Септември, одбележан и во нашата државата

Со велосипедски дефилеа во повеќе градови во државава, во кои учествуваа граѓани, ученици, рекреативци, ентузијасти и вљубеници во велосипедизмот и пешачењето, денеска во нашата држава беше одбележан 22 Септември – меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ). Оваа година кампањата се спроведуваше под мотото „Комбинирај и движи се“ и е со цел да се промовираат и комбинираат алтернативните, одржливите и заедничките форми на транспорт, како начин да се намали употребата на автомобили и да се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот, со што би се остварила визијата на европската стратегија за декарбонизација.

Денот без автомобили 22 Септември, одбележан и во нашата државата

Во велосипедските паради по градските улици и булевари, се приклучија и повеќе граѓани, кои со своето присуство покажаа дека користењето на велосипеди и пешачењето стануваат сѐ поприфатени како поздрави и поекономични начини на движење низ урбаните средини.

2

Европската недела на мобилност се одржа од 16 – 22 септември, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање како национален координатор, а годинава во одбележувањето официјално се вклучија 4 градови низ државава, и тоа Велес, Прилеп, Струмица и о.Карбинци, меѓутоа бројот на градови кои со свои активности организираат настани во рамки на Европската недела на мобилност и своите можности е многу поголема.

3

Во текот на целата недела, во дел од градовите се организираа настани за подигање на јавната свест и за промоција на перманентните мерки реализирани во текот на годината, со кои се овозможува користење на алтернативни начини на транспорт и во кои беа вклучени локални авторитети, граѓански организации, компании од бизнис секторот, меѓународни претставници и организации и индивидуални граѓани. Преку овие активности беше потенцирана целта и значењето на кампањата – подигање на културата за одржлива мобилност во урбаните средина и стремеж кон помасовна употреба на алтернативните форми на транспорт.

7

Како информација, оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2911 градови од 47 држави од Европа и светот.