ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ

Управата за животна средина информира дека сите производители кои имаат обврска да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) и Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација од страна на производителот, барањето за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на Регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација на производителот во Регистарот на производители со проширена одговорност и потврдата за бришење на производителот од Регистарот на производители за проширена одговорност („Сл. весник на РСМ“ бр.58/2022) обрзците за регистрација (на македонски јазик и двојазично) може да ги превземат од следнит линк:
МЖСПП / Регулатива / Национално законодавство/ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД/ПОДЗАКОНСКИ АКТИ (https://bit.ly/381BFXl)
Оние производители кои ќе достават барање од Прилогот 1 на македонски јазик, ќе добијат потврда на македонски јазик.
Произвоителите кои ќе достават двојазично барање од Прилогот 1 ќе ја добијат потврдата на македонски и албански јазик.
Производителите кои вршат пласирање на одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад што припаѓа на повеќе посебните текови на отпад (на пример и отпад од пакување, отпадни батерии итн.) поднесуваат посебно барање од Прилогот 1 за секој посебен тек на отпад. Барањето се доставува на хартија во писарницата на Министерството за животна средина и просторни планирање. Ова ќе биде постапката се до воспоставувањето на електронскиот систем за регистрација на производителите.
Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:
✅ копие од Тековната Сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна Македонија,
✅ уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација),
✅ Потврда за ослободување од плаќање на надоместокот за управување со тек на отпад (доколку се работи за правни лица основани пред 2021 година) или Договор со колективен постапувач доколку се работи за основани производители од 2021 година и
✅ Ако се работи за мал производител доказ за уплатен надоместок од 6000 денари и
Жиро сметките може да се превземат од следниот линк: МЖСПП / Сервиси / Жиро сметки (https://bit.ly/3IFOwuK)