Шукова-Вуцас: Животната средина се повисоко котира во државните агенди

Австрискиот амбасадор Н.Е.Георг Вуцас на денешната прва протоколарна посета на новоименуваната министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ѝ ја честиташе новата функција.

Министерката  Шукова упати благодарност за досегашната поддршка на Австрија на нашата држава во заштитата на животната средина, а посебно за добрата соработка и помошта во процесот на евроинтеграциите.

Шукова-Вуцас: Животната средина се повисоко котира во државните агенди

Шукова-Вуцас: Животната средина се повисоко котира во државните агенди

Во фокусот на разговорот беше Зелената агенда за Западен Балкан, на чија реализација Република Северна Македонија останува максимално посветена и за која, во моментов, Австриската агенција за животна средина инвестира приближно 11 милиони евра преку регионален проект финансиран од ЕУ.

На состанокот, Шукова и Вуцас се согласија дека приватниот сектор е активен партнер во спроведување на мерките и активностите за заштита и унапредување на  животната средина. Во тој контекст амбасадорот Вуцас ја покани министерката Шукова, на 29 март да се обрати на Економскиот форум во Скопје, кој има за цел да ја поттикне соработката меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании од областа на заштита на животната средина и да ги подобри можностите за инвестиции во капитални проекти.

Во текот на разговорот, двете страни разменија искуства за унапредување на меѓународната соработка од областа на животната средина, која, денес, како никогаш досега, високо котира во стратешките агенди на Владите на двете држави.