Се зајакнуваат капацитетите за имплементација на ЕУ ЗОО директиватаза заштита на дивата фауна, зачувување на биодиверзитетоти и чувањето на диви животни во во ЗОО градините

zoo_1Регионална работилница TAIEX за имплементација на ЕУ директивата за чување на животни во зоолошки градини (ЗОО директива), денес и утре се одржува во Скопје, во рамки на проектот “Програма за партнерство на животната средина на ЕУ за пристапување (EPPA) во Западен Балкан и Турција”.

Обраќање на отварањето имаше директорот на Управата за животна средина Хисен Џемаили,кој истакна дека една од основните цели на ЕУ ЗОО директивата е заштита на дивата фауна, како и зачувување на биодиверзитетот и зајакнување на капацитетите во зоолошките градини, аквариуми, терариуми и слични објектикои се однесуваат на правилно воспоставување на мерки и активности за чување и одгледување на животните.

- Исто така, во целите на оваа директива предвидено е зоолошките градини активно да учестваат во научни истражувања и да одржуваат обуки кои придонесуваат за зачувувањето на видовите, да разменуваат информации со други зоолошки градини и слични институции, да го поттикнуваат образовниот процес и да вршат подигање на јавната свест за значењето и зачувувањето на животинскиот биодиверзитет – додаде директорот Џемаили.

На работилницата учествуваа претставници од повеќе држави членки на ЕУ од кои десетина имаа презентации, со цел размена на  искуства, совети и насоки во однос на начинот на импементација и спроведување на ЕУ ЗОО директивата. На работилницата присуствуваа и претставници од двете зоолошки градини од Скопје и од Битола.