Оџаклиеска и Шукова на средба со директорката на Регионалната Канцеларија за координација на развојните агенции на ОН, Јеоп и Постојаниот координатор на ОН во РСМ, Дуџак

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска  и државниот секретар Каја Шукова, денеска остварија работна средба со делегација на директорката на Регионалната Канцеларија за координација на развојните агенции на Обединети Нации, Гви Јеоп Сон и постојаниот координатор на Обединети Нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.
Во фокусот на разговорот беа предизвиците од глобалната енергетска криза, активностите што се преземаат во нашата држава за справување со истата и имплементацијата на мерките за искористување на обновливите извори на енергија со цел надминувањето на актуелните предизвици.
Оџаклиеска на средба со директорката на Регионалната Канцеларија за координација на развојните агенции на ОН, Јеоп и постојаниот координатор на ОН во РСМ, Дуџак

Оџаклиеска и Шукова  на средба со директорката на Регионалната Канцеларија за координација на развојните агенции на ОН, Јеоп и постојаниот координатор на ОН во РСМ, Дуџак

Притоа, соговорниците се согласија дека треба да продолжи интензивното спроведување на Зелената Агенда и остварувањето на амбициозните национални цели  за намалување на ефектите од климатските промени, за што е потребна добра стручна подготвеност, координација и алоцирање на многу финансиски средства. Воедно, Зелената агенда за Западен Балкан го поттикнува зелениот раст на Западен Балкан и економската  конвергенција со ЕУ, на државите од овој регион, преку  поддршка на  нејзината имплементација, во “позеленување” на нивните економии и во подобрување на меѓусебната соработка, мониторингот и известувањето, во консултација со сите релевантни европски партнери.
На средбата, Јеоп Сон и Дуџак покажаа особен интерес за Охридскиот регион, кој е впишан на Листата на светско наследство преку Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Охридското Езеро привремено ја избегна опасноста да биде ставено на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО, под услов Северна Македонија и Албанија навремено да ги исполнат препораките за заштита на регионот, што вклучува и донесување на заеднички стратешки план за рехабилитација на регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство, на што во нашата држава интензивно се работи.
IMG_20230224_160324
На средбата се разговараше и за текот на развојот на Законот за климатска акција, со кој се очекува целосно усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ за клима, овозможувајќи ниско-јаглероден развој и отпорност на климатската криза, како и за усвоениот ревидирани национален придонес кон Договорот од Париз за клима, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година.
На состанокот беше изразено задоволство од сериозните заложби на двете страни за реализација на зададените обврски и помош во финасирање на истите, а воедно беше договорена и понатамошна координација за навремена реализација на сите проекти од заеднички интерес.