НУРЕДИНИ: Со поддршка на ЕУ ќе се спроведува новот регионалнен проект за  имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на отварењето на воведната работилница на национало ниво за новиот регионален проект „ЕУ за зелено опоравување: Поддршка на имплементацијата на Зелената агенда за Западен Балкан“ финансиски поддржан од Европската Комисија.

Нуредини Со поддршка на ЕУ ќе се спроведува новот регионалнен проект за  имплемен

Во обраќањето Нуредини изрази благодарност до ЕУ за поддршката, особено во спроведувањето на Зелената Аганда и амбициозните национални цели  за намалување на климатските промени што покрај добра стручна подготвеностбараат и многу финансиски средства.

IMG_20220718_141036

Зелената агенда за Западен Балкан го поттикнува зелениот раст на Западен Балкан и економската  конвергенција со ЕУ на државите од овој регион, преку  поддршка во нејзината имплементација, во позеленување на нивните економии и во подобрување на мониторингот и известувањетово консултација со сите релевантни партнери. При тоа акцентот е ставен на неколку области – Декарбонизација: клима, енергија, мобилностДезагадување: воздух, вода и почваБиодиверзитет:заштита и реставрација на екосистемитеЦиркуларна економија и Одржливо земјоделство и производство на храна.

IMG_20220718_141101

Проектот е регионален и ги вклучува Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, ќе се спроведува во период  2022 – 2025 година, а имплементатор е Агенција за животна средина на Австрија. Вредноста на проектот е 11 милиони евра.

На воведната национална работилница се обратија и австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас, претставници од ЕУ Делегација како и претставници на Австриската агенција за животна средина.