НУРЕДИНИ: Реафирмиранa е добрата и успешна соработка во областа животна средина

На денешната втора седница меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Албанија ги потврдивме заложбите за интензивната соработка на двете земји давајќи пример за тоа како се градат добрососедски односи.zaednicka vladina sednica_MKD_ALB_2

Седницата беше посветена на конкретни решенија за актуелни прашања со осебен фокус кон енергетиката кон којашто е свртено и вниманието на целиот свет.zaednicka vladina sednica_MKD_ALB

Од аспект на заштита на животната срединa ресорните министерства веќе имаат изградено успешна соработка во прекугранично управување со водните и природните ресурси, конкретно со Охридското и Преспанското Езеро, управувањето со Дримскиот Басен како и прекуграничниот Биосферниот резерват на УНЕСКО Охрид- Преспа, за што се потпишани и реализирани повеќе договори и меморандуми за соработка.zaednicka vladina sednica_MKD_ALB_1

Нови можности за сорабтока се отвраат и со прогласувањето на делот на Шар Планина во нашата држава за национален парк . Со поврзувањето и градењето на регионален пристап кон управување со заштитените подрачја кои граничат и природно се поврзуваат, НП Шар Планина, НП Маврово, НП Шари во Косово и споменикот на природата Коритник во Албанија се формира едно од трите најголеми заштитени подрачја во Европа , а тоа отвара нови можности за социо-економски развој.