Нуредини: Ги забрзуваме постапките за искористување на ИПА средствата и се подготвуваме за преговарачките процеси во животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која разговараа за степенот и статусот на реализација на сите големи инфраструктурни ИПА проекти. се разговараше за проектите за изградба на колекторски систем за Кичево, изградба на колекторски систем, секундарна мрежа и пречистителна станица за отпадни води за Тетово и Битола, воспоставување на регионалниот систем за отпад во Источниот и Североисточниот регион и др.

DSC_0003

Посебен акцент беше ставен на  можностите за забрзување на постапките за склучување на договорите во првец на максимално искористување на финансиската помош што ЕУ и ја дава на нашата држава. Но беше истакнато дека покрај поддршката во реализација на големите инфраструктурни проекти исто така треба да се посвети внимание и на реформските проекти што ќе го олеснат процесот на преговарање и пристапување кон ЕУ.

На средбата се најави и започнување на големиот проект за поддршка на институциите во Република Северна Македонија во процесот на преговарање кој ќе се биде управуван од Секретаријатот за европски прашања во кој збначајна улога ќе има и Министерството за животна средина и просторно планирање, како институција одговорна за управување со животната средина.