Нуредини во Брисел – Зелена транзиција е наш приоритет, но е потребна техничка поддршка за да ги постигнеме целите на Европа за 2030 и 2050

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествува на годишниот состанок на Иницијативата за региони со јаглен во транзиција за Западен Балкан и Украина чија цел е да овозможи дијалог и споделување на знаењата помеѓу засегнатите страни за постепено напуштање на јагленот, како дел од енергетската трансформација кон употреба на чисти и обновливи извори на енергија во регионот.

Нуредини во Брисел – Зелена транзиција е наш приоритет, но е потребна техничка под

Во панел дискусијата: „Стратешки пристап кон напуштање на јагленот: Дали енергетската криза стана поттикнувачки фактор?“, министерот Нуредини говореше за политичките и финансиските перспективи за праведна транзиција на нашата држава, како и за роковите за напуштање на јагленот и преминување кон новите извори на енергија што ги наведе Енергетската заедница, но во исто време и енергетската криза со која се соочуваме, наложувајќи прераспределба на буџетски средства од веќе предвидените проекти.

„Сметам дека токму ние сме можеби најамбициозната земја на Западен Балкан кога станува збор за емисиите на стакленички гасови. Посветени сме на нашата стратегија за 2030 година, и ќе направиме целосна транзиција на напуштање на употребата на јаглен. Идеално како што планираме ова би требало да се случи до 2028 година. Сега, за жал, би требало да го одложиме за уште една или две години. Реалноста е дека ние исто како и секоја земја во Европа, почнавме да користиме повеќе фосилни горива. Како држава произведуваме за жал само 75% од енергетските потреби за нашата земја и секогаш увезуваме приближно 25%. Сегашните цени во Европа всушност многу силно го погодија буџетот. Мораме да прераспределуваме, да бидеме многу флексибилни, да ставиме во мирување некои проекти кои се сметаат за важни кон процесот на пристапување во ЕУ, затоа што сега единствено се фокусираме на одржување на цените на енергијата да бидат пониски за нашите граѓани”, истакна министерот Нуредини во неговото излагање. 

3-1

Тој ја истакна и потребата од регионална соработка преку интеграција и што е можно повеќе регионални проекти како решение на проблемите, додавајќи посебен акцент на техничка поддршка и поевтина технологија, со што овој процес на зелена транзиција ќе биде полесен и финансиски издржлив за нас како држава.  

 

Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина е основана во декември 2000 година, за да им овозможи на земјите од регионот полесна и праведна транзиција кон јаглеродно-неутрална економија. Таа им обезбедува на регионите што користат јаглен приостап до финансиски средства за проекти и програми за транзиција. Иницијативата е водена од Европската комисија и нејзините меѓународни партнери.

2

Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, долгорочното социо-економско сценарио, со кое на регионот ќе му се обезбеди одржлива иднина.