Координативна средба со градоначалникот на Берово

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари координативна средба со градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски. На средбата се разговараше за потребните активности и координација во правец на забразување на реализација на тековните проекти. Посебен акцент беше ставен на докомплетирање на документацијата за имплеметација на проектот за реконструкција  на филтер станица за вода за пиење во Берово за кој МЖСПП обебезбеди буџетски средства преку повеќегодишна набавка.

Sredba_Nuredini_Gradonacalnik_Berovo