ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2021 за унапредување на административен службеник во Министерството за животна средина и просторно планирање

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19,14/20 и 215/21), како и

Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање број 01-2372/1 од 03.05.2017 година, 01-1832/2 од 12.03.2018 година, 01-1832/6 од 02.04.2018 година, 01-3932/1 од 16.07.2019 година, 01-4222/1 од 31.07.2019 година, 01-4222/4 од 04.09.2019 година, 01-4222/5 од 07.10.2019 година, 01-4222/7 од 15.10.2019 година, 01-6478/3 од 30.12.2019 година, 01-7008/1 од 30.12.2019 година, 04-1604/1/1 од 02.03.2020 година , 01-4510/1 од 30.10.2020 година, 01-4583/1 од 05.11.2020 година, 01-5091/1 од 04.12.2020 година, 01-70/1 од 05.01.2021 година, 01-863/1 од 08.02.2021 година , 01-877/2 од 09.02.2021 година,01-3372/1 од 30.06.2021 година, 01-5171/1 од 26.10.2021 година и 01-5172/1 од 26.10.2021 година.

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ  4/202за унапредување на административен службеник во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник на следното работно место:

  1. УПР 01 01 В01 000

Советник за подготовка на буџет, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања – 1 (еден) извршител

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
-    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен , Економски науки

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-    најмалку три години работно искуство во струката

-    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 26.257,00 денари

Распоред на работното време:

Работни часови во неделата – 40

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за ситематизација во Министерството за животна средина и просторно планирање, при ова административните службеници треба да ги исполнува и следните услови:

-    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-    да поминал најмалку две години на истото ниво и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси  Coveckiresursi@moеpp.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
-    потврди за успешно реализирани обуки и/или
-    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.