Заменик министерката Христина Оџаклиеска заедно со студентите од Технолошко-металуршкиот факултет ја посетија лабораторијата за животна средина при МЖСПП

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска заедно со студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, ја посетија лабораторијата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на посетата тие беа запознаени со начинот на работа, со специфичната опрема со која располага оваа лабораторија за мерење на загадувањето во животната средина, со методите и најдобрите достапни практики кои се применуваат при извршување на мерењата, како и за кои случаи на загадување е акредитирана оваа лабораторија, во нашата држава.Zamenik_Odzaklieska_sredba_so_studenti

Заменик министерката Оџаклиеска истакна дека посетата на лабораторијата се реализира како резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, и најави дека оваа соработка уште повеќе ќе се интензивира и продлабочува во наредниот период.

0-02-0a-f8554a41de45d1e267fd40941f4926f37d0370cc1ccbda2fddb3c8b070e5c51b_7257bba72cc443bf