Заменик министерката Оџаклиеска одржа состанок со јапонски тим на експерти за отпадни води и заштита на природни езера

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно плaнирање одржа работен состанок со јапонски тим на експерти за отпадни води и заштита на природни езера предводени од Натсуки Хисаока, раководител на секторот за отпадни води во префектурата Шига и меѓународниот консултант и проект координатор за управување со отпадни води и трансфер на јапонска технологија за таа намена Такаши Кимура, директор на „Киџику консалтинг”.Odzaklieska_ekspertski_tim_otpadni_vodi_JICA

На состанокот јапонската делегација изрази задоволство за продолжување на соработката која се надоврзува на посетата на стручен тим од Јапонија во 2019 година и беше изразена подготвеност за експертска помош и трансфер на знаење и технологија за одржливо управување и подобрување на квалитетот на водите во Охридското езеро, како меѓународно природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.Odzaklieska_ekspertski_tim_otpadni_vodi

Заменик министерката Оџаклиеска ја поздрави заложбата на јапонската влада и Јапонската Агенција за меѓународна помош JICA, за контуинираната помош и соработка со нашата земја во различни проекти од областа на животната средина и истакна дека на нашата држава во овој клучен период на развој и е неопходна експертска помош од меѓународните партнери како Јапонија, за зачувување на природните вредности и одржување на квалитетот на водите на македонскиот бисер Охридското Езеро.