Заменик министерката Оџаклиеска на меѓународната конференција “Kвалитет и компентентност 2022″

- Прецизните мерења и базите на податоци укажуваат на ефикасноста на спроведените политики и обезбедуваат аргументи за креирање на подобри решенија. Министерството за животна средина и просторно планирање во континуитет дава поддршка за едукација за развивање  на компетентноста на лабораториите за тестирање на параметри за квалитет на  животната средина, истакна заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, која денеска, во Охрид, учествуваше на отварањето на петтата меѓународна конференција “Kвалитет и компентентност 2022″.

Заменик министерката Оџаклиеска на меѓународната конференција Kвалитет и компенте

Целта на конференцијата е споделување на искуствата на лабораториите за тестирање и калибрација и проширување на можностите за идна соработка на инспекциските тела во нашата држава со земјите од регионот.

- Примената на меѓународните стандарди кај нас, континуираното усовршување и размената на искуства со земјите од регионот е основа за подобрување на квалитетот и компетентноста при спроведување на лабораториските истражувања кои ги анализираат состојбите во животната срединa. Во напорите за подобрување на квалитетот на животната средина во која сите ние живееме и работиме секојдневно  неопходна е соработка на сите нивоа, за да живееме подобро и ние, и нашите деца и идните генерации што доаѓаат – рече Оџаклиеска во своето воведно обраќање.

12

Центарaлната лабораторија во Министерството, официјално го доби сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија во 2021 година. До денес сертифицирани се 12 методи за тестирање, од кои 11 се за квалитет на вода и една за бучава. Во наредниот период е предвидена и акредитација на методи за квалитет на воздухот.

Конференцијата е во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за Aкредитација на Република Северна Македонија.