Државниот Секретар Шукова на меѓународна конференција посветена на геопарковите

Државниот Секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, учествуваше на меѓународната конференција на тема: “Ефектите од природните непогоди, антропогените влијанија и климатските промени врз геолошкото, природното и културното наследство” , што денес и утре се одржува во општина Демир Капија. 

Државниот секретар Шукова на меѓународна конференција посветена на геопарковитеСпоред државниот секретар Шукова, анализата на европските искуства ни укажува дека сите држави каде досега се формирани геопаркови, како современ начин на заштита, промоција и одржливо искористување на овие вредните геоподрачја, се со позитивни искуства. Воедно, геопарковите се и показатели за тековните климатски промени и места каде се демонстрира користењето на најдобрите практики, искористување на обновливите енергии и се практикуваат најдобрите стандарди за зелен и одржлив туризам.

IMG_20220506_161235На конференцијата присуствуваат професори и доктори на науки од европски и балкански универзитети, како и претставници од веќе формираните геопаркови во Србија, Хрватска и Словенија.