Донаторски настан за „Подобрување на еколошката состојба на споменикот на природа Дојранското Езеро“

Министерството за животна средина и просторно планирање на барање на Милиеуконтакт Македонија и општина Дојран денес организираше донаторски настан за подобрување на еколошката состојба на споменикот на природа Дојранското Езеро.

Dojran 2

Министерот Нуредини ги поздрави напорите на општина Дојран за изнаоѓање решенија за заштита на Дојранското Езеро и истакна дека и МЖСПП и Владата на РСМ се свесни дека станува збор за мала општина што има потреба од дополнителна поддршка.

Dojran 3

На настанот пред присутните претставници на меѓународни организации беа презентирани состојбите со еколошките проблеми со кои се соочува Дојранското Езеро и од страна на Милиеуконтакт Македонија беа понудени конкретни решенија засновани на природата за третман на отпадни води во сливот на Дојранското Езеро и природни решенија за ревитализација на крајбрежјето за заштита од загадување и поплави, што се оценети од општина Дојран како решенија што имаат потенцијал да донесат бројни придобивки за езерото, за одржливиот развој на Дојран и на целиот регион.

Dojran 3