Делегација од МЖСПП на објаснувачки скрининг во Брисел

Делегација од Министерството за животна средина и просторно планирање, координирана од СЕП, заедно со претставници на Албанските одговорни институции учествува на објаснувачкиот скрининг во Брисел, во рамките на кој денес е Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени од Кластерот 4.MZSPP_skrining_EU

Според агендата, денес се објаснува напредокот на законодавството на Европската Унија  по 2019 година кај областите: отпад, води, воздух и индустриски емисии, а објаснувачкиот скрининг продолжува и со претставување на европските регулативи во областите природа, климатска акција и цивилна заштита.MZSPP_skrining_EU_Brisel

Скринингот во Брисел, преку online учество,го следи поширок состав од македонска страна.