Бесими-Нуредини: Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура

23 ноември 2022, Скопје – Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.1

“Овој договор, кој е потврда за континуираната поддршка на ЕИБ на РС Mакедонија, обезбедува нови 50 милиони евра директна финансиска поддршка на Владата која ќе се дистрибуира до општините и општините во градот Скопје како донација за реализација на проекти од комуналната инфраструктура. Овој проект е дел од политиките на Владата на Република Северна Македонија за рамномерен регионален развој и се очекува преку инвестиции во комуналната инфраструктура да се стимулира развојот на општините во земјата“, истакна министерот Бесими на потпишувањето на договорите.3

Тој додаде дека тоа ќе значи подобрување на условите на граѓаните, особено во руралните средини и приближување на нашата земја до стандардите на ЕУ.

Заменик-претседателската на ЕИБ потенцира дека ова е стратешка инвестиција за земјата со поддршка на европскиот тим и е приоритет за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и за патот кон ЕУ и усогласувањето со европските стандарди. „Ќе помогне“, потенцира таа, „да се обезбедат финансиски средства за секторот за водоводна инфраструктура и да им обезбеди на нашите локални партнери долгорочен финансиски извор за да ги комплетираат нивните потреби и одржливи цели“.

Средствата обезбедени со оваа кредитна линија ќе бидат имплементирани преку Министерството за животна средина и просторно планирање.4

„Ние веќе пристапивме кон идентификување на потребите на локалните самоуправи и очекуваме дека тие ќе покажат зрелост и ќе имаат достаточен капацитет да ја обезбедат потребната проектна документација за да имаме брза и успешна имплементација од која што пак ќе зависи повлекувањето на нови достапни инвестиции. Обезбедување на чиста вода за пиење за сите жители е еден од врвните приоритети на патот кон Европската Унија“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.2

Средствата ќе бидат искористени за рехабилитација, модернизација и проширување на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и набавка на специјализирана опрема за одржување.

Условите под кои заемот ќе и биде доделен на РС Македонија се исклучително поволни. Рокот за отплата изнесува до 25 години, со вклучен грејс период до пет години.

ЕИБ е значаен партнер на РС Македонија во реализација наприоритетните проекти во областа на енергетиката, инфраструктурното поврзување, зелената транзиција, како и во зголемување на конкурентноста на домашните компании.

Од 1991 година досега ЕИБ ја има поддржано нашата економија со над една милијарда евра инвестиции во клучни инфраструктурни проекти како и за поддршка на мали и средни компании, а во моментов нејзината поддршка во проекти во јавниот сектор е околу 200 милиони евра.