Соопштение

Идентификувајќи ја потребата за ефикасна борба против корупцијата, Министерството за животна средина и просторно планирање креираше низа на приоритетни активности насочени кон унапредување на професионалноста на службените лица и доследно почитување на законската регулатива како и санкционирање на сите форми и облици на коруптивно однесување.

Согласно Годишниот план за спречување на корупција на Министерството за животна средина и просторно планирање, воспоставена е телефонска линија за пријавување на корупција во институцијата со цел јакнење на довербата на граѓаните.

На следниот телефонски број воедно може да ги упатите и Вашите поплаки, жалби, критики и сугестии кои се однесуваат на работата на Министерството: 02/3251-448,