Соопштение за јавноста 21.11.2019 год.

Ве информирамe дека на 21.11.2019 година (четврток), на иницијатива на Светска банка, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи Регионална конференција: „Управување со квалитетот на воздухот (AQM) во регионот на Западен Балкан – Прашања, решенија и можности за финансирање“.

Настанот ќе се одржи во хотел Мериот, со почеток во 9:00 часот.

Воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за животна средина на Република Косово Фатмир Матоши, директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово во рамките на регионот на Европа и Централна Азија Марко Мантованели и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Ве покануваме со Ваши екиупи да присуствувате на настанот.