Нуредини на консултативна средба за предлог мерки за спас на Преспанското Езеро

PrespanskoEzero_1Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревскисе обратија на јавната трибината која денеска се одржа во Ресен и на која се работеше на изнаоѓање на конкретните активности и мерки за заштита и надминување на алармантната состојба со водостојот на Преспанското Езеро. На трибината се собраа претставници од стручната јавност, државните и општинските институции, проектните единици и меѓународните партнери кои работат на тематски активности во Преспанскиот регион, како и граѓанските организации и иницијативи.

Укажувајќи на суштинската важност на воспоставувањето на трилатералната соработка со државите со кои ги делиме водите на Преспанското Езеро, министерот Нуредини ја потенцираше важноста на активностите што и ние како држава ќе ги сработиме. При тоа, тој нагласи дека голем број на различни проекти, поврзани со Дримскиот Базен, со самото Преспанско Езеро или со природата во Преспа Паркот се реализираат во регионот и многу е јасно дека иницијалниот чекор за креирање на соодветни решенија е собирањето на постоечките податоци, споделувањето на сознанијата и консолидација на заклучоците до кои е дојдено во рамките на различните проекти.

Различни видувања на проблемот со алармантното намалување на водостојот на Преспанскот Езеро, преку презентации дадоа од Сектор за животна средина на општина Ресен, од Македонското еколошко друштво, Хидробиолошкиот завод во Охрид, од Секторот природа на Министерството за животна средина и просторно плнирање, од тимот за ревизија на планот за управување со Споменикот на природата Преспанско Езеро и од Биотехничкиот факултет од Битола.

Усогласување на методологијата и обезбедување на континуиран мониторинг во трите држави кои го делат Препанскоот Езеро, вклучување и анализа на податоци за земјоделскиот сектор и неговото влијание во правец на испитување на влијанието на потрошувачката на вода за наводнување заради зголемувањето на земјоделскиот сектор во регионот, потребата од изнаоѓање алтернтивни начини на наводнување на земјоделските површини, како и изработка на сериозна научна студија за влезот и излезот на водите во Езерото се главните заклучоци донесени на крајот на дискусијата на сите засегнати страни.