Ќе се уредува речното корито на река Лепенец

Sredba_Nuredini_Gradonacalnik_Gjorce_Petrov(18.09.2019 г.) Можностите за реализација на проектот за „Регулација и уредување на речното корито на река Лепенец“ од граница на ГУП на Град Скопје до граница на Република Северна Македонија со Република Косово беа главна тема на која на денешната средба разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.

Во однос на оваа прашање градоначалникот Наумовски извести дека Владата на Република Северна Македонија формираше работната група која направи оценка на применливост на проектната документација, динамички план, опции за изводливост и финансирање на проектот со препораки и согласно анализите достави Извештај за реализација на Проектот.

Заеднички беше ставот дека имајќи ја предвид итноста на проектот, потребно е да се разгледаат најсоодветни извори на финансирање и тоа преку националниот буџет, буџетите на општините и средствата планирани за реализација на регионални проекти и рамномерен регионален развој, како и да се разгледаат можностите за финансирање од меѓународните донатори со посебен акцент на средства од ИПА фондовите.

На состанокот, се разговареше и за други активности и иницијативи кои општина Ѓорче Петров ги презема за заштита на животната средина, како и за можните начини за нивна реализација.