Унапредување на еколошкото образование

Со ставот дека интегрирање на темата животна средина и климатски промени и обезбедување на поголем простор за екологијата во образовните процеси е инвестиција во нашата иднина, министерот Нуредини искажа целосна поддршка на новата програма „Унапредување на еколошкото образование“ за која на денешниот состанок разговараа со министерките Мила Царовска и Јагода Шахпаска и со преставниците од УНИЦЕФ и Шведска амбасада.
Новата програма е 3-годишната програма и е проектирана како поддршка за развој на образованието за животната средина и климатските промени од предучилишно па се до средно образование. Финансирана е од Шведската агенција за меѓународна соработка (SIDA).