Средба со Федерацијата за планинарство на РСМ

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес ги прими претставниците на Федерацијата за планинарство на Република Северна Македонија, во која члениваат повеќе од 50-тина планинарски клубови. На средбата се разговараше за состојбите со планинарските домови во државата за што реферираа претставниците на ФПСМ, кои ја потенцираа потребата од нивно обновување и одржување, како објекти од посебна важност за вљубениците во природата.

federacija na planinari

Од двете страни беше нагласена подготвеноста за соработка во заштитата на природата што е од интерес за целата јавност, како и за отварање на нови можности за социо-економски развој во заштитените подрачја во правец на развој на еко-туризмот.