Средба со претставниците на ЕБОР

Sredba_Nuredini_EBORМинистерот Нуредини одржа работен состанок со претставниците на тимот на Инфраструктура Европа- група за одржлива инфраструктура (SIG) и Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) во Лондон, Гијом Ле Брис, помошник директор и Гонкало Кореја, главен банкар, придружувани од Анди Аранитаси, директор на резидентна канцеларија на ЕБОР во Северна Македонија и Билјана Милошеска, виш банкар, помошник директор.

На состанокот се разговараше за соработката во областа на животната средина, со посебен акцент на статусот на кредитната линија – заем од 55 милиони евра за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад, односно изградба на основната инфраструктура – регионални депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион.

Претставниците на ЕБОР истакнаа дека интензивно се работи на процесуирање на нашата апликација и ја потврдија нивната посветеност и подршка за нашата држава.

Министерот Нуредини заблагодарувајќи им се за добрата соработка ја нагласи важноста на одобрувањето на овој заем за имплементација на споменатите големи капитални инфраструктурни проекти со кои ќе се обезбеди здрава животна средина за граѓаните на целата територија на државата.