Средба помеѓу државни секретари за животна средина на Република Северна Македонија и Република Словенија

Државниот секретар на Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Каја Шукова денес оствари работна средба со нејзиниот колега од Република Словенија, Роберт Рожац.

На средбата се разменија мислења, искуства и идеи по однос на институционална поставеност, предизвици и надлежности при подготовка на Закон за просторно планирање како и изработка на Просторен План на Република Северна Македонија, документи кои се од стратешки и развоен карактер за нашата држава.

Република Словенија претставува пример по однос на зачувување на животната средина и просторното планирање, особено заради фактот дека двете држави делат заедничко минато и се соочуваат со слични предизвици кон патот за имплементирање на европските политики и европското законодавство во оваа област.