Состанок со JICA за собирање на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро

Состанок со JICA за собирање на податоци за управување со води во областа околу ОхДржавниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска одржа работен состанок со претставници од студискиот тим на Јапонска агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency). Целта на состанокот беше запознавање со основните цели на Проектот за собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Eзеро во Република Северна Македонија и претставување на обемот на активности во рамки на експертската мисија. 

Покрај Министерството за животна средина и просторно планирање, во овој процес активно ќе бидат вклучени и општина Охрид, општина Струга, ЈП Колекторски системи Скопје, ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Водовод и Канализација Струга.

По завршување на експертската мисија, ќе биде подготвен извештај кој ќе ги посочи потребни мерки за подобрување на квалитетот на водите на Охридското езеро, како и мерките за подобрување на оперативните капацитети на системите за собирање и третман на отпадните води.