Соопштение за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Центар Гази Баба Лисиче Ректорат Струмица
25.12.2021 181.48 167.48 221.27 186.38 261.81
26.12.2021 187.25 210.89 267.66 204.04 305.11

*концентрациите се изразени во µg/m3